ПИТ БУЛ ТЕРИЕРИ

БОРБИ СО КУЧИЊА

Обожавателите на пит булите не се согласуваат со ригорозните законски прописи, истакнуваат и дека овие кучиња се кучиња за спортување и тврдат дека натпреварите во боксување се далеку посурови од било која борба со кучиња. Со еден збор, за нив овие кучиња не се агресивни, туку вистински спортисти, кои се борат до последниот момент и никогаш не се предаваат.
-Нашите фудбалери или кошаркари да поседуваат такви особини – додава еден одгледувач на пит були од Македонија – ќе бевме светски шампиони. Пит булот никогаш не се предава. Тој ја игра играта до последен момент, до последната капка крв и сила.